Македонија
24. November 2022 - 17:36

Училниците празни, болниците полни со пациенти

Вирусни и бактериски инфекции ги преполнија болниците а ги испразнија градинките и училиштата. Во болницата во Козле работат како во погон – 200 прегледи во 24 часа и надминување на хоспиталните капацитети. Лекуваат по две болни деца во еден кревет, најчесто братчиња и сестричиња бидејќи слободни места немаат со денови. Принудени се и да враќаат пациенти со тешки пневмонии и бронхити во матичните установи.

-Капацитетот е 70 а ние имаме сега 72, некогаш стигнува и до 80  хопситализирани, примаме и п одве деца на еден кревет за да им ускокнеме на родителите бидејќи капацитет нема. Она што исто така загрижува се и амбулантските деца кои доаѓаат со сериозна клиничка слика а ние не сме во можност да ги хоспитализираме, вели др. Мими Поповска педијатар во детската болница во Козле.

Од Козле знаат да препратат пациент на клиниката за детски болести, но и таму капацитетите се полни. Од болницата алармираат до колеги од внатрешноста да не препраќаат деца без претходен наод и најава од специјалист за да не ги трауматизираат децата да поминуваат по 300 километри во болничко комбе.

-Без претходна најава од специјалист да не препраќаат бидејќи ќе мораме тоа дете да го вратмие, нема да можеме да го примиме, вели др. Поповска.

Грипот се уште не ја полни болницата во Козле бидејќи и покрај загрижувачкиот број на прегледи и хоспитализации, само кај едно амбулантско дете бил изолиран вирусот. Педијатрите стравуваат од дополнителни гужви и потешки клинички слики, кога ќе почнат компликациите од загадениот воздух.

-Сега го плаќаме данокот на имунитет. Изолатите си бараат домаќини а децата се најпогодни за тоа бидејќи не носат маски, вели др. Поповска.

Меѓу хоспитализираните во Козле има и три деца ко исе на кислородна поддршка.