-->
-->
Училница за специјална ЕВН паралелка во средното училиште „Михајло Пупин”
-->
Во средното електротехничко училиште „Михајло Пупин” денеска беше презентирана новата училница за специјалната ЕВН паралелка, реализирана во рамки на проектот „20/20/20”. На презентацијата присуствуваа министерката Рената Дескоска и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер. Дескоска истакна дека настанот е промоција на програмата за средното стручно образование во кое има директно поврзување на училиштата со општествено одговорните компании. Очекува овој модел да го следат и други компании во Македонија.
- Овие ученици добија можност практично да ја изучуваат нивната следна професија, да им се обезбеди пракса како во училиштата, така и во компанијата, а потоа, што е исклучително позитивно, е што им е загарантирано вработување по завршувањето на училиштето, рече Дескоска, додавајќи дека поврзувањето меѓу средните училишта и компаниите е особено значајно зашто целта на средното стручно образование е да едуцира ученици кои ќе бидат подготвени да влезат на пазарот на трудот по завршувањето.
Ваквите образовни програми, според Дескоска, овозможуваат полесно идно вработување и треба да бидат мотивација за идните средношколци кои се соочуваат со дилемата какво образование да изберат. - Побарувачката на пазарот на трудот ги насочува кон средното стручно образование кое треба да им овозможи полесно идно вработување, рече министерката за образование и наука.
Гаранцијата за вработување, квалитетот и стекнувањето практични вештини кои ги нуди оваа програма веќе охрабрила голем број ученици да се запишат, па така од првично предвидените 20 места, во специјалната ЕВН паралелка се запишале повеќе од 30 ученици.
Проектот „20/20/20“ функционира на принципите на т.н. дуално средно стручно образование и овозможува директно вклучување во работниот процес и вработување на 20-те најдобри ученици кои по завршувањето на формалното образование во 2020 година, ќе бидат веднаш вработени во ЕВН и ќе заработуваат почетна месечна плата од 20 илјади денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
