Македонија
12. March 2019 - 16:35

,,Училишта на 21 век‘‘ за македонските ученици

Развивање на вештини за критичко размислување, решавање проблеми и кодирање преку користење на микробит џебните уреди за програмирање, предвидува тригодишната програма “Училишта на 21 век” финансирана од Владата на Обединетотот кралство, која што има за цел развој на дигиталните вештини и електронската писменост кај основците од 10 до 15 годишна возраст.

Пазарот на трудот во иднина ќе има поголема потреба од лица кои што ги познаваат програмските јазици и програмирањето, и поради тоа преку образовниот процес ние треба да им овозможиме услови на младите да можат да кодираат и за време на часовите, истакна министерот Адеми.

Освен во нашата земја, спроведувањето на оваа програма истовремено почнува и во Србија, БИХ, Албанија и Црна Гора.