-->
-->
Училишен автобус во светиниколско Амзабегово тргнал со отворени врати, тешко повредено 12-годишно дете
-->
Вчера околу 07.10 часот во село Амзабегово, светиниколско, при влез во автобус „Ивеко“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Ш.Ѓ.(62) од Свети Николе, 12-годишно момче од село Амзабегово паднало и се здобило со тешки телесни повреди.
Автобусот бил застанат за прием на патници-ученици од основно училиште и во моментот кога тргнал задната врата била се уште отворена и момчето паднало.
По укажана лекарска помош во приватна здравствена установа во Свети Николе, детето било префрлено во болницата во Велес.
Извршен е увид на местото на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок