Ученик со солна киселина сакал да ги отруе другарчињата
Петнаесетогодишно момче сакало да ги отруе другарчињаат со солна кисела. Овој бизарен случај е пријавен во Црна Гора.
Средношколецот Л.М од Рожае, од сега непознати причини, се обидел со солна киселина да отруе двајца соученици. Како што пишува ,,Побједа” од Подгорица, тој на двајца ученици од неговото одделение им дал шишиња со сок во кои претходно сипал солна киселина.
Тие уште на првата голтка почувствувале непријатен вкус и ја исфрлиле течноста од уста.
Весникот наведува дека уште двајца ученици ја пробале течноста, мислејќи дека нивните другари се шегуваат, шега, но за среќа и тие ја почувствувале непријатната миризба и не ја голтнале течноста.
Учениците веднаш биле пренесени во болница, каде е утврдено дека нема опасност за нивното здравје. Малолетникот во присуство на неговите родители, социјалните работници и училишниот педагог бил сослушан во полиција.
Како што велат од полицијата, за време на сослушувањето тој потиштен и молчалив и незнаел како да ги објасни мотивите на неговото однесување. Обвинителството започна истрага за случајот.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки