Учениците во Грција денеска повторно ќе протестираат
Подобрување на условите во училиштата во однос на превентивните мерки за заштита од коронавирусот, намалување на бројот на учениците во одделенијата и класовите беа дел од барањата со кои учениците во Грција минатата седмица излегоа на протест, а истото ќе го сторат и денеска со демонстрации во повеќе градови во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Грција над 800 училишта не функционираат регуларно со оглед на тоа дека 148 се делумно затворени поради регистриран случај на Ковид-19, додека пак во околу 700 не се одржува настава и се затворени поради опсади од учениците кои бараат исполнување на нивните барања поврзани со превентивните мерки за коронавирусот.
Министерката за образование на Грција Ники Керамеос рече дека за училиштата кои веќе извесно време се затворени поради опсадите, од денеска започнува задолжителна онлајн настава, а во саботите, за време на празниците и слично, ќе бидат надополнети сите изгубени часови.
-Легитимен е секој став и мислење, но дијалогот треба да се одвива со отворени училишта. Не може било кој да го спречува пристапот до образованието, порача Керамеос.
Ново на Сител
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-
Во буџетот нема пари за субвенционирање на придонесите за минималец од 500 евра, велат експерти
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Само еден тендер за мазут преку компанијата на Капушевски е објавен на електронски систем
-
Собранието изгласа недоверба на 5 члена на Судски
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
ИЈЗ: Загадениот воздух се поврзува со смртта на околу 4000 луѓе годишно во Македонија