Учениците во Австралија на протести против климатските промени
Илјадници деца денеска ја напуштија наставата во училиштата низ Австралија, во знак на протест поради неактивноста на Владата во врска со климатските промени.
Деца, родители и наставници на пладне се собраа во централната деловна област на Сиднеј извикувајќи „СкоМо мора да си оди“, мислејќи на премиерот Скот Морисон.
Слични протести се одржаа во Мелбурн, Бризбејн, Перт и на други места откако учениците во главниот град Канбера одржаа протест на почетокот од оваа недела.
– Ова е само почеток. Ова е нашиот прв штрајк, нашето прво заедничко движење … Ќе продолжиме да водиме повеќе кампањи додека не се направи нешто, изјави еден од лидерите на протестите.
Австралија е еден од најголемите емитери на јаглерод по глава на жител, делумно поради тоа што употребува електрични централи на јаглен. Претходно оваа година, конзервативната Влада, исто така, ги намали своите обврски кон Договорот за клима на ОН од Париз.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток