Ученици од Штип прогласени за амбасадори на природата

Петтмина ученици од Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во Штип се прогласени за амбасадори на природата во рамки на проектот „За зачување на природата“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Учениците со нивниот наставник по географија Виолета Иванова направија кампања како градот Штип да се заштити од шумски пожари, а нивниот проект е најдобро оценет од страна на тимот кој учествуваше во реализацијата на оваа проектна активност организирана од Центарот за развој на Источно-планскиот регион (ИПР).
Тие денеска беа на средба со градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.
Градоначалникот изјави дека општината им дава максимална поддршка за оваа кампања, бидејќи Штип не располага со големо шумско богатство, но она што го има на планините Плачковица и Серта треба да го зачува.
- Овој проект ќе го поддржиме за децата да имаат висока еколошка свест. Потребно е уште во основното училиште да се развива таквата свест. Затоа морам да им честитам на професорите од ООУ „Гоце Делчев“ за максималната вложеност, иницијативност и посветеност да работат на тој проблем, рече Захариев.
Претставникот од Центарот за развој на ИПР, Александар Николов истакна дека проектот „За зачувување на природата“ ќе продолжи и во наредните четири години, а очекува од него да се обезбедат средства за реализирање на кампањата којашто ја изработија учениците од ООУ „Гоце Делчев“.
Ново на Сител
-

Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег
-

Македонските спортисти продефилираа на свеченото отворање на ЗОИ 2026
-

Македонските тенисери го стартуваат дуелот со Кипар
-

Ѓорѓиевски по изборот на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ова раководство ќе ја испише историјата, нè очекува многу работа
-

Поради магла, намалена видливост до 100 метри на Стража и Маврово и до 60 метри на патот Гевгелија – ГП „Богородица“
-

Трамп се заканува со царини за трговските партнери на Иран
-

Отворени 25. Зимски олимписки игри во Милано Кортина
-

Променливо облачно и релативно топло, со слаб локален дожд
