Ученици од ООУ „Владо Тасевски” го посетија кабинетот на претседателот на државата
![]()
Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Вила Водно, денеска го посетија ученици од Општинското основно училиште „Владо Тасевски” од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет.
Учениците имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Стево Пендаровски, да се информираат за неговата работа и надлежности, а ги посетија и просториите во коишто се реализираат официјалните средби, како салите во коишто се организираат свечености, настани и прес-конференции.
Посетителите се запознаа и со дел од вработените во Кабинетот од коишто беа информирани за историјатот на објектот, во којшто е сместен Кабинетот на Претседателот, како и за начинот на функционирање на оваа институција.
![]()
-За време на денешната посета, претседателот Пендаровски и учениците засадија неколку садници Македонски даб (Quercus trojana), симбол на претседателскиот амблем, а во активноста се вклучи и Благоја Сотировски, којшто во текот на 2008 година бил ангажиран во редизајнирањето на хортикултурното уредување на дворот на Кабинетот, Вила Водно, соопштија од кабинетот на претседателот Пендаровски.
Денешната активност Отворен Кабинет е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, со кој се реализираат директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски.
Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, коишто ќе бидат реализирани во Кабинетот.
Ново на Сител
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
-

Средба Мисајловски-Милер во Вашингтон: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет
-

Природно од Преспа со Билјана Петровска Митревска | Неформално | Sitel Podcast 144
-

Над 16 000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
