Ученици од две штипски училишта во посета на градоначалникот Захариев
Учениците од Основните училишта „Тошо Арсов“ и од „Славејко Арсов“ денеска беа во посета на градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев по повод Новогодишните и Божикни празници.
Градоначалникот Захариев посакувајќи им успех на учениците истакна дека очекува наредната година да се реализира проектот за спортската сала за училиштето „Славејко Арсов“ во населбата Баби, а за учениците од ОУ „Тошо Арсов“ комплетно да се сменат прозорците и вратите.
- Минатиот период комплетно е реновирано училиштето во населбата Македонка, изградивме ново училиште во село Шашаварлија, а планираме да се изгради и ново училиште во село Почивало и тоа да биде реализирано во 2016 година. Го реконструиравме училштето „Ванчо Прќе“, но таму претстои проект со Република Бугарија, каде што комплетно треба да направиме нова фасада, која ќе биде максимално енергетски ефикасна за да децата имаат навистина одлични услови во училиштето, рече Захариев.
Тој најави дека наредната година спортски терени во дворот на училиштата ќе добијата средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“, ОУ „Тошо Арсов“ и во подрачните училиште во селата Чардаклија и Селце.
Сите основни и средни училишта од Општина Штип, рече тој, ќе аплицираат да добијат проекти и средства преку Програмата за Меѓугранична соработка со Бугарија. Во 2016 година Штип ќе добие и нова детска градинка, чија изградба ќе се реализира од буџетот на општината и внатрешното уредување од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
Американскиот државен секретар на својот турски колега му ја изрази загриженоста од апсењата и протестите во Турција
-
Трамп: Можно е Русија и Путин да одолговлекуваат со мировниот договор
-
Најмалку 22 загинати во шумските пожари во Јужна Кореја
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Приведен дрвокрадец од скопско
-
Кремљ официјално ги потврди договорите за делумен прекин на огнот
-
Зеленски: Ако Русија го прекрши договорот, Украина ќе бара санкции и оружје
-
Велешанец на фан страна на национална телевизија објавувал коментари со омраза