Учебник за претприемништво во Централна и Источна Европа

Промоција на учебникот за претприемништво „Кршење на мраз на претприемачки начин: Процеси и студии на случај за успешни претприемачи од Централна и Источна Европа“ ќе се одржи денеска во Скопје во просториите на компанијата ФХ3Х.
Повод е застапеноста на ФХ3Х во учебникот како една од 15-те успешни приказни, кои меѓудругото ја отсликуваат бизнис климата во Европа и тешките услови за освојување на светските пазари.
Автори на универзитетскиот учебник се Џулија Пратс, Марк Сосна и Силвија Шишко – Романчук, а издавач е светскиот издавач Пелгрејв Мекмилан.
На промоцијата ќе се обратат Илијана Петровска, продекан за образование од Универзитет Американ колеџ од Скопје и Марк Сосна од ИЕСЕ Бизнис школа, Шпанија & Технички универзитет Берлин, Германија, еден од авторите на учебникот.
Предвидено е на сопствениците на ФХ3Х Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ да им биде врачен примерок од учебникот, потпишан од светки признатиот претприемач Берт Твалфховен. За искуството во создавањето и развојот на компанијата ќе зборува Даниловски.
На иницијатива на Универзитетот Американ колеџ Скопје, ФХ3Х беше номиниран и прогласен за Европски шампион за претприемништво од Меѓународниот академски совет при Европска фондација за претприемачки развој во Варшава во 2011 година, заедно со уште 24 компании од Централна и Источна Европа
Ново на Сител
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
