Учебниците од прилепското училиште биле исфрлени бидејки биле неупотребливи
Учебници, книги, лектири за основно образование се исфрлени од училишта во Прилеп и Скопје. Објавени беа и Фотографии и видео на социјалните мрежи. Министерката Царовска нема сознанија за што се работи и вели МОН нема надлежност за основните училишта.
Став побаравме од Општина Прилеп од каде велат до сега таква инфомација не пристигнала до нив. Но дека учебници биле исфрлани потврди Директорката на ОУ Блаже Коенски Од Прилеп. Таа за Сител вели дека се работи за законска постапка врз основа на правилник за отпис и расходовање на средства. Тврди дека се работи за стари учебници и неупотребливи материјали, вежбанки кои пречеле во работна просторија која им била потребно и решиле да го ослободат просторот.
За фотографијата од Скопје за која се посочува дека е направена во Општина Центар до моментов не добивме информација за кое училиште станува збор и дали општината има информации за исфрлените учебници и книги. Инаку по информациите дека се продаваат учебници за 4 одделение во оригинална корица, а се користат и фотокопии, министерката денеска рече дека сепак наставниците имаат право да делат наставни ливчиња и принтани учебници што ќе им користи на часот.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар