-->
-->
Убиство заради ривалство
-->

Страшна вест пристигна од Индија, која вели дека расправа помеѓу двајца пријатели околу тоа кој е подобар фудбалер, Роналдо или Меси, завршила со убиство.
Речиси една деценија фудбалските вљубеници, дебатираат околу тоа кој е подобар фудбалер Кристијано Роналдо или Лионел Меси, а една таква расправа во индискиот град Мумбаи завршила трагично.
Шпанската новинска агенција EFE, пренесува дека расправа помеѓу двајца Нигеријци на роденденска забава во Мумбаи завршила со убиство.
Славеникот, Обина Мајкл Дурумчуква, навивач на Реал и Кристијано Роналдо, фрлил со чаша кон пријателот Нвабу Чуквуму, фан на Меси и Барселона. Наместо пријателот чашата завршила во ѕидот зад него, а од овој гест Чуквуму толку се изнервирал што со едно парче стакло го преклал пријателот, кој набргу искрварил и починал.
Инаку ова не е и прв случај на расправа за тоа кој е подобар Роналдо или Меси да заврши трагично. Пред три години, во Ирак, навивач на Барселона со нож усмрти навивач на Реал, додека заедно го гледале големото дерби помеѓу Барселона и Реал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
