Убиство во скопско Шишево
Престрелка се случила синоќа во Скопје, по што едно момче почина, информира МВР. Вчера околу 02 часот во СВР Скопје прјавено е дека во Клиничка болница „Систина“ од страна на 24-годишниот С.Т. од село Шишево биле донесени со повреди 20-годишниот А. А. и 36-годишниот Г. А., сите од село Шишево. Според пријавеното, тројцата се движеле со возило „БМВ“, а пред нив се движело возило „Мерцедес“, управувано од Е.Ш. од село Шишево, со кого претходно имале расправии. Според пријавеното, на влезот во село Шишево возилото „Мерцедес“ застанало до патот, а по него запрел и Г.А., кој го управувал возилото „БМВ“. Е.Ш. и Г.А. излегле од возилото и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А.. С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. во болницата „Систина“, каде А.А. починал.
Полицијата презема мерки и активности за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Над 200 милиони евра годишно се даваат како државна помош, но не се знае кој добива и за што
-

Прегазени дете и тинејџер во две одделни сообраќајни несреќи
-

Зголемен водостојот на реките, во Кичево се уште се санираат штетите
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест на ССМ пред Владата
-

Се санираат штетите во Кичево, 250 лица и натаму се евакуирани
-

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга
-

Бизнисот, УГД и општината во заедничка мисија - иновации дома
