Убиениот во Слупчане бил озлогласен лихвар, убијците го чекале во заседа
Кумановецот Елам Селахи кој беше пронајден убиен со неговиот осумгодишен син во негоавата „опел астра“ во атарот на селото Слупчане бил познат лихвар, јавува Телма.
Убијците го чекале сокриени зад дрва во темница, пред ладнокрвно да отворат оган над автомобилот со затемнети прозорци на 47-годишникот еден час синоќа пред полноќ.
Вознемирените сеани на Опае и Слупчане кога ги чуле истрелите ја повикале полицијата. Убијците, за кои се претпоставува дека биле двајца, користеле автоматско оружје.
Салахи е од селото Белановце, но живеел во Опае. Познат бил по тоа што давал лихва со високи камати.
Извори од МВР потврдиле дека два пати бил пријавуван за обид за убиство, бил фатен со нелегално оружје и нападнал полицајци.
Еднаш бил осуден на четиригодишна затворска казна која ја издржал.
Ново на Сител
-
Минималната плата мора да се зголеми
-
Три седници во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги партизираше институциите
-
Викендот во Штип 39-то издание на „Макфест“
-
Преглед на вестите од светот
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата