Убиена жена, стотина повредени во протестот против поскапувањето на горивото: Мајка со дете се испаничи и влета со автомобил меѓу демонстрантите во Париз

Над 244.000 демонстранти денеска протестираа во Франција поради покачувањето на цената на горивото.
Една жена загина, а 106 се повредени, од кои петмина се во критична состојба.

Демонстрантите блокирале голем број патишта кои водат до бензински пумпи и аеродромите во Франција.
Од вкупно 3.500 бензински пумпи на „Тотал“ околу 70 цело утро биле затворени, а помалку од 10 успеале да отворат во попладневните часови.
Исто така, во текот на денот некои хипермаркети не отвориле, а околу 25 биле блокирани од стана на демонстрантите.
Во Париз демонстрантите се собрале во близина на Елисејската палата, пеејќи ја химната на Франција.
Тие се обиделе да се доближат до резиденцијата на францускиот претседател Емануел Макрон, но биле спречени од страна на француската полиција со солзавец.
Како што јави МИА, демонстрантката почина откако беше прегазена од жена која ја фатило паника кога се приближила до групата демонстранти и наместо на кочница таа ја притиснала педалата за гас и со автомобилот удрила во жената.
Ново на Сител
-

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
