Убиен синот на познат сопственик на ланец коцкарници
Страхиња И. син на бизнисмен од Чачак кој е сопственик на ланец коцкарници ширум Србија, е убиен синоќа околу 18 часот со огнено оружје.
Пресметката се случила во близина на неговиот дом, а Страхиња се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот, по што веднаш е префрлен во локалната болница каде докторите со сите сили се обидувале да го спасат но безуспешно. Младото момче починало на операциона маса.
- Младото момче во болницата е примено со прострелна рана под десното ребро, со тешко оштетување на органите, изјави синоќа, доктор Билјана Кочовиќ, потпаролката на болницата во Чачак.
- Неколку часа подоцна Страхиња им подлегнал на повредите, а како што пренесуваат српските медиуми, од куршумот највеќе му настрадал џигерот.
Според неофицијални информации, Страхиња пред зградата го пречекале двајца напаѓачи од кои едниот пукал во него и тешко го ранил.
По нив сеуште се трага, а истрагата ги испитува можностите за учество на трето лице во инцидентот, кое најверојатно ги чекало со автомобил.
Ново на Сител
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Не се знае дали студентите ќе имаат бесплатен превоз од први јануари, ЈСП не им ги продолжува билетите
-
Реформи веднаш за поголем економски раст
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот