-->
-->
Убиен џихадистот кој на видео снимка од 2013 година јадеше срце на загинат војник
-->
Убиен е командантот на терористичката група Фронтот Ал-Нусра, Абу Сакар, кој на грозоморната видео снимка од 2013 година со нож го извади срцето на убиен сириски војник, а потоа го јадеше, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Центарот, со седиште во Лондон, наведува дека Калед Ал-Хамад, познат како Абу Сакар, е убиен вчера од огнено оружје во провинцијата Идлиб“.
- Абу Сакр минатата година се приклучи кон Ал Каеда со влегувањето во групата Фронтот Ал-Нусра, додава Сирискиот центар.
Според шефот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман, Абу Сакар веројатно е убиен во пресметка меѓу Фронтот Ал-Нусра, кој контролира голем дел од провинцијата Идлиб, и други исламистички бунтовници во оваа област.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?