-->
-->
Убиен цариник во Тулон, двајца ранети
-->
Припадник на француската царина беше убиен денеска во Тулон на југот од Франција во операција за заплена на оружје, јавува допинсикот на МИА од Париз.
Во операцијата која била водена против лице кое се следело за недозволена трговија со оружје, истото отворило оган при што во престрелката еден цариник го изгубил животот, еден друг е ранет. Ранет е и припадник на полицијата.
Лицето користело америкканска воена пушка од типот М16 и имало заштитетн елек.
Лицето кое пукало е уапсено од полицијата. Тој е на возраст од 33 години и е познат на силите на редот за афери поврзани со дрога. Царината планирала да го уапси при една трансакција со оружје. Жителите на Тулон беа повикани да останат дома.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024