Убиецот на Кристина Грими дошол на концертот специјално за да ја убие
Мажот, кој пред два дена ја застрела пејачката Кристина Грими во американскиот град Орландо во сојузната држава Флорида пристигнал од друг град, вооружен со два пиштоли со мал калибар, специјално за нападот, изјави началникот на полицијата на Орландо, Џон Мина.
Убиецот ја застрела пејачката од романско потекло веднаш по нејзиниот концертт додека таа делеше автограми, по што се самоуби.
Дваесет и две годишната пејачка стана ѕвезда во САД, откако го освои третото место на телевизиското реално шоу „Глас“ во 2014 година.
- Убиството е извршено во концертната сала. Внатре имаше околу 140 лица, вклучувајќи ги и фановите на Грими. Тогаш 27-годишниот маж без да биде забележан се приближи до неа и отвори оган, погодувајќи ја фатално, нагласи полицискиот началник на прес-конференцијата во Орландо.
Подоцна полицијата го идентификуваше напаѓачот како Кевин Џејмс Лојбел од градот Сент Питерсбург во Флорида. Тој со себе носел два пиштоли, полни со муниција и ловџиски нож. Додека полицијата се обидувала да го уапси, тој се застрелал.
Се истражуваат мотивите пради кои тој посегнал по животот на младата пејачка.
Ново на Сител
-
Руски брод потона по експлозија
-
Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно
-
Шпанија: Откриени компании кои увезле 2.000 тони фалсификувана стока во ЕУ
-
Безбедна водата за пиење во Скопје
-
Спроведени 62 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња, кај две најдени производи со изминат рок
-
Тошковски: Нема официјална потврда од ниедна соседна земја каде е Груби
-
Приходите на апликацијата Телеграм надминаа милијарда долари во 2024 година
-
Задолжителниот воен рок во Хрватска ќе започне кон средината на следната година