Убиецот на Аркан ужива во затвор - Погледнете во какви услови живее Драган
Наjпознатиот српски затвореник за разлика од колегите од другите затвори, многу лесно се поднесуваат пеколните горештини бидејќи секој ден на располагање имаат базен и екипата на срспки Курир го посетила Казнено поправниот затвор во Пожаревац за да се уверат како ги издржуваат жештините зад решетките.
Дворот на затворот е опкружен со висока ограда и бодликава жица, уредена стаза со цвеќиња која води право до спортскиот -рекреативен центар во склоп е и базенот. Па како и на секој базен така и овде покрај водата стои еден маж на чија маица му пишува „Спасувач“.
Драган Николиќ е осуден на 30 години затвор поради помаѓање во убиството на Жељко Ражнатовиќ - Аркан кој беше убиен во 2000 година. Драган изгледа многу подобро отколку кога го затворија
- Вежбам неколку дена во неделата, се трудам да се одржувам во форма, вели Драган
Тој деновите освен со спор ги пополнува и со пишување, Драган планира својата книга да ја напише во затворската келија.
Ново на Сител
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд