Убедливо најлошиот грабеж во историјата, смеење до солзи

Неверојатно храбри посетители на еден шведски шопинг центар снимиле двајца исклучително невешти криминалци во нивниот, веројатно прв грабеж во животот.
Во Стокхолм се снимени двајца ситни криминалци како ограбуваат во трговски центар. Тие одлучиле да ограбат дуќан со скапоцени часовници.
Додека едниот се обидувал да ја искрши бравата, другиот го поправал заглавениот шоштол кој потоа го вперил во грбот на својот колега.
Кога конечно успеале да влезат во дуќанот, едниот од нив се намачил со скутерот додека другиот се обидувал да го поправи пиштолот и да пука во воздух, но на крајот не успеал да направи ништо од тоа.
Кога во бизарно големата вреќа ги напикале украдените работи, мажите се обиделе да побегнат од местото, но тогаш не можеле да го стартуваат скутерот. На снимката се гледа дека разбојникот со сина јакна го потпрел пиштолот на главата на другиот кој се обидувал да го запали скутерот.
Едноставно имаа среќа што во гужвата извлекоа жива глава. Невројатно и полицијата имаше среќа лесно да ги пронајде и приведе овие разбојници.
Ново на Сител
-

Одложено денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември
-

Променливо облачно време во наредните денови, од понеделник локален дожд
-

За девет месеци во 2026 година регистрирани над 1.300 кривични дела поврзани со семејно насилство
-

Истрага против четири лица, а за тројца побаран притвор после големата акција во Куманово: „Падна“ лихварска група
-

ДЗС: Безбедно отстранети две минофрлачки гранати од 75 mm од Прва светска војна во прилепско
-

Сите банки во Македонија најавуваат технички прилагодувања викендов, можни се прекини во плаќањата
-

Милнер се подготвувал за дебитантскиот маратон со помош на вештачка интелигенција
-

ПМФЛ: Португалецот Рибеиро го напушти Башкими
