-->
-->
Убедлива победа на младинките над Израел
-->

Македонската женска младинска репрезентација (У20) со висока победа од 24 гола разлика ги почна Квлификациите за пласман на Светското Првенство.
Избраничките на Симе Симовски водеа во текот на целиот натпревар против Израел и заслужено славеа убедлив триумф од 41-17. До полувремето на мечот игран во Плезир во Франција, Македонија веќе водеше со 22-5, по што во рутинската завршница немаше проблеми да ја задржи и зголеми предноста.
Следниот натпревар од Квалификациите за Светското Првенство, нашите репрезентативки ќе го одиграат утре од 14:30 часот, а противник ќе биде Словенија. За крај на турнирот, нашиот состав во недела ќе се сретне со домаќинот Франција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
