Фудбал
17. January 2016 - 17:45

Убедлива победа на Јувентус над Удинезе

 
 
 Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус славеше убедлива победа со 4:0 на гостувањето кај Удинезе. 
 
Во дуелот од 20.коло на Серија А два гола за „Старата дама’’ постигна Пауло Дибала (15 и 26-минута) вториот од пенал, а во листата на стрелци се запишаа и, Сами Кедира (18) и Алекс Сандро (42).
 
На останатите натпревари одиграни попладнево: Џенова – Палермо 4:0 
Карпи – Сампдорија 2:1, Болоња – Лацио 2:2, Рома – Верона 1:1 и Киево – Емполи 1:1. 
 
На дуелите одиграни вчера: Аталанта – Интер 1:1, Торино – Фрозиноне 4:2 и Наполи – Сасуоло 3:1.
 
Колото ќе биде комплетирано вечерва со дербито Милан – Фиорентина. 
 
Табела: Наполи 44, Јувентус 42, Интер 40, Фиорентина 38, Рома 35, Сасуоло 31, Емполи 31, Милан 29 ...