-->
-->
Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-->

– Македонскиот првак Вардар со победа од 39:27 (21:11) над грчки Олимпијакос го стартуваше меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Ова беше втора победа на „црвено-црните“ во 24 часа откако вчера ја совладаа Војводина во дуел од Регионалната лига.
Победникот беше решен во првиот дел кога во финишот ракометарите на Вардар веќе имаа двоцифрена предност. Во таква ситуација тренерот Иван Чупиќ имаше шанса да ги провери играчите на кои сметаше за денешниот дуел.
Ова беше дуелот од Б групата, а во другите два термина се играат натпреварите од А групата: домаќинот Охрид – Египет У20 (почеток 18:45 часот) и Војводина – Загреб (почеток 21 часот).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Климатските промени и војната на Блискиот Исток ќе ја поскапат храната
-

Кoс: ЕК на 6 октомври ќе предложи нови идеи за постепена интеграција во ЕУ
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче удри на два фронта - „идиот“ за Мицкоски, „шлепер“ за сопартијците
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
