Убавата актерка открива ужасни детали од силувањето - “Со солзи во очите ја гледав...“
Многу дами на овој свет, за жал, биле жртви на злоставувачи, без разлика дали станува збор за оние кои и се познати на јавноста или “обичните” жени. Ретко која зборувала за тоа, но Роуз МекГован сепак ја изнела вистината на виделина.
Станува збор за силување кое го доживеала од страна на продуцентот Харви Вајнштајн. Таа во својата книга “Brave” или “Храбра”, ги опишала деталите од ужасното злосторство кое Вајнштајн го извршил. Двајцата се запознале на филмскиот фестивал “Санденс”. По премиерата на филмот во кој глумела, продуцентот ја поканил во ресторан на ручек. Тогаш имала 23 години.
“По проекцијата ме покани на состанок во ресторан, но неговиот агент ми кажа да одам во неговата соба. Верував дека ќе зборуваме за моите идни проекти. По половина час, ми пријде, ме соблече и ме турна кон џакузито. Изгледаше како чудовишен растопен ананас”, пишува МекГован.
Но, таму се случило и тоа што го нарекува “најодвратниот дел од нејзиното искуство”.
“На сила ми пружи орален секс, а истовремено мастурбираше. Со солзи во очите ја видов неговата сперма како плови на меурчињата во џакузито”, напишала Роуз во своите мемоари кои од денес се продаваат ширум Америка.
По силувањето, како што признава, се чувствувала грозно. Сепак, парично се договорила со него и му земала 100.000 долари во далечната 1997-ма година, кога сето ова се случило.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа