Свет
14. јуни 2016 - 14:57

Уапсени уште две лица, осомничени за поврзаност со напаѓачот од Париз

Две лица се уапсени денеска во рамки на истрагата за убиството на еден полицаец и неговата сопруга во предградието на Париз, кое француските власти го окарактеризираа како терористички напад.

Извори од полицијата изјавија дека двете лица се поврзани со Лароси Абала, кој го уби полицаецот, а потоа се забаракадира во неговата куќа, убивајќи ја и неговата сопруга. 

Полицијата го ликвидираше, а во акцијата е спасено нивното тригодишно дете.