Уапсени тројца скопјани кај кои е пронајдена дрога

Вчера во Скопје уапсени се три лица кај кои при извршен преглед од страна на полициски службеници е пронајдена дрога. Во соопштението од МВР стои:
На 09.06.2020 во 13.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар го лишиле од слобода О.С.(38) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.
Исто така во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на пат за Средно Водно, кон с.Нерези, го лишиле од слобода М.П.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Во 15.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Востаничка“ го лишиле од слобода Д.Ѓ.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на иста линија со Кина
-

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата
-

Насилството зема замав – неопходно е работа со младите
-

Лозарите во неизвесност, вранецот без сигурен пласман
-

Привршува проценката на штети во Струмица
