Македонија
2. March 2025 - 12:13

Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија

Од СВР-Велес соопштуваат дека вчера во 12.50 часот полициски службеници од ОВР – Неготино ги лишиле од слобода Б.В.(25), А.В.(19) и Ѓ.К.(25) сите од Кавадарци, затоа што кај место викано Лепово, неготинско, на плантажа во сопственост на правно лице, со употреба на алат се обиделе да украдат предмети.

Б.В., А.В. и Ѓ.К. биле приведени во полициска станица, а предметите со кои го извршувале делото, кај нив биле пронајдени и одземени. По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР – Велес.