Уапсени две лица од Тетово
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Н. (37) и М.Н. (47), двајцата од с.Пршовце,тетовско, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „кражба“ и „прикривање“. Во декември 2016 година во село Стримница, во дворот од куќата на Б.Б. (54) , првопријавениот извршил кражба на агрегат марка „Ломбардини“, по што истиот го продал на второпријавениот кој знаејќи дека предметот е прибавен од извршено кривично дело го купил за паричен износ од 270 евра, односно 16.605 денари. На 20.04.2017 година В.С. од с.Стримница, братучед на Б.Б., го препознал украдениот агрегат во сервис за винклување на мотори во с.Желино и истото веднаш го пријавил во ПО Групчин. Од страна на полициски службеници е излезено на местото од каде агрегатот, со потврда за привремено одземени предмети, е одземен и вратен на Б.Б..
Ново на Сител
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина