Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел

Француската полицајци уапси две лица за време и по натпреварот Франција-Израел (0-0) што синоќа се одигра во Париз во рамки на Лигата на нации, изјави денеска началникот на париската полиција Лоран Нуњез.
Во Париз беа преземени вонредни безбедносни мерки во пресрет на натпреварот поради војната на Блискиот Исток и минатонеделните инциденти во Амстердам каде имаше тепачка помеѓу навивачите на Ајакс и Макаби Тел Авив.
Нуњез рече дека тепачката која се случила внатре на стадионот „Стад де Франс“ била „веднаш спречена“ од обезбедувањето.
„Тоа беше почеток на тепачката и со наша навремена реакција инцидентот многу брзо беше ставен под контрола. Полицијата веднаш го приведе едното лице, а другото го уапси веднаш по натпреварот, со помош на видео докази“, изјави шефот на париската полиција.
Физичките пресметки се случија 10-тина минути по почетокот на натпреварот, на делот од трибината зад еден од головите. Некои од инволвираните имаа израелски знамиња на грбот. Не е јасно што ја предизвикало расправијата, а обезбедувањето интервенирало по околу една минута.
Француската полиција ги засили безбедносните мерки за натпреварот во Париз, по насилството во Амстердам пред и по натпреварот од Лигата на Европа меѓу Ајакс и Макаби Тел Авив.
Во Амстердам минатата недела, пропалестински демонстранти ги нападнаа навивачите на Макаби на улиците, при што беа повредени меѓу 20 и 30 луѓе, што наиде на осуда од голем број западни земји.
Ново на Сител
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
