Македонија
24. December 2018 - 11:01

Уапсени двајца гостиварци, ова полицијата го пронајде кај нив

Ноќеска околу 03,20 часот полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово - Полициска станица Гостивар, во село Здуње, гостиварското ги лишиле од слобода Љ.С.(25) од Мало Турчане и А.А.(20) од Гостивар.

При преглед кај нив е пронајден кокаин.

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.