Уапсени четири лица за кражбата на злато на аеродромот во Сао Паоло

Бразилската полиција уапси четири лица осомничени за кражбата на 720 килограми злато, што се случи во четвртокот на меѓународниот аеродром во Сао Пауло.
Како што соопшти локалната полиција, меѓу уапсените за кражбата на товарниот терминал на аеродромот има и еден аеродромски службеник.
Полицијата ја продолжува истрагата, но сè уште не го пронајде украденото злато, чија вредност е проценета на околу 110 милиони бразилски реали (30 милиони долари).
Според полицијата, групата, која била составена од најмалку 20 лица, прво го киднапирала директорот на карго сервисот на аеродромот и неговото семејство и ги држеле како заложници, за да го натераат на соработка. Потоа, во четвртокот дошле на аеродромот во пикап возила исфарбани за да личат дека се полициски, а неколку минути подоцна побегнале со златото.
Полицијата претходно соопшти дека проверува дали станува збор за истата група која минатата година од друг аеродром во Сао Паоло украде пет милиони долари.
Операторот на аеродромот, компанијата ГРУ Ерпорт, соопшти дека златото требало да биде транспортирано за Торонто и Њујорк.
Ново на Сител
-

Три зрна од огнено оружје пронајдени на две локации во Куманово
-

Водостојот на Охридското Езеро 11 сантиметри над просекот за август, температурата на водата 26 степени
-

ПСЖ ќе го продолжи договорот со Енрике до 2030 година
-

Лукаку: Чест и привилегија е да се настапува за Фенербахче
-

Воената помош за Украина во јуни достигна 7,2 милијарди евра
-

„Вашингтон пост“: Трамп планира градежни проекти во Белата куќа во вредност од најмалку 927 милиони долари
-

Ќерката на Бил Гејтс обвинета за контроверзна практика што на компанијата ѝ носела приходи
-

Мицкоски за 25 години Рамковен договор: Минатото не можеме да го промениме, но можеме да одлучиме каква иднина ќе изградиме
