Македонија
29. November 2018 - 16:32

Уапсени 4 лица во Битола за продажба на хероин

Две лица од Битола и две лица од Скопје биле уапсени од битолската полиција како препродаваат хероин во близина на селото Могила. Против нив се поднесени кривични пријави за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

-Од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола и Одделот за недозволена трговија со дрога и оружје лишени се од слобода лицата З.Б.(25) и Ѓ.Ч.(30) од Битола и С.М.(38) и Р.Б.(26) од Скопје. Од приведените биле одземени 89 грама  хероин. На 28.11.2018 година од страна на Секторот за внатрешни работи Битола против наведените лица е поднесена кривична пројава по член 215 од Кривичниот Закон  на Р.Македонија „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Судија за претходна постапка од Основниот Суд Битола, на истите им е одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Двете лица од Битола веќе им биле познати на полицијата.