Уапсени 13 Албанци за тровија со дрога преку Македонија, Грција, Италија и Турција
– Албанската полиција денеска соопшти дека во соработка со Обвинителството за тешки кривични дела разбила меѓународен синџир за трговија со кокаин, хероин и марихуана во западно европските земји.
Според полицијата уапсени се 13 Албанци, а петмина од групата се веќе в затвор, од кои четворица во Турција и еден во Македонија. Водач на групата бил Мет Канани (56) од Фиер, познат како „албански Ескобар“, кој се наоѓа в затвор во Турција.
Уапсените се на возраст од 23 до 58 години.
Оваа криминална група се сомничи дека во последните две години прошверцувала осум тони марихуана произведена во Албанија, а која била запленета во Грција, Македонија, Италија и Турција, како и хероин шверцуван од Турција и кокаин од Јужна Америка, кои преку Албанија завршувале на нарко пазарот во западно европските земји.
Хероинот „патувал“ на релација Турција-Грција-земјите на ЕУ, како и Турција-Македонија-Албанија-земјите на ЕУ.
Обинителката Елисавета Имерај изјави дека во текот на истрагата биле разменувани информации со властите на Турција, Македонија, Грција и Италија и со посредство на ДЕА и СЕЛЕЦ.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
