Уапсен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес
Полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи денеска го лишиле од слобода М.Ш. (39) од село Челопек, Тетовско.
Според МВР, на 2 август околу 19:20 часот, тој со автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки се движел во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес. Случајот беше објавен и на социјалните мрежи, каде што очевидци споделија фотографии од возилото.
По целосно документирање на случајот, против 39-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Тој ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител.
Од МВР повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите со цел да се спречат опасни ситуации и да се зголеми безбедноста на патиштата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Граѓаните сѐ уште ги плаќаат сметките од владите на Заев и Ковачевски
-

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра
-

ЦИА декласифицираше белешки за Ал Каеда
-

Кривична пријава против 27 лица за незаконско внесување категории во возачки дозволи
-

Тешка сообраќајна несреќа кај Миладиновци, наредби за обдукција на две починати лица
-

Удрил полицаец па во полициското возило при обидот да избега - МВР со детали за директорот од „Царина“ фатен со 17.500 евра мито
-

21 годишен фудбалер на Тетекс загина во тешка сообраќајна несреќа
-

ЦУК: До 07:30 часот 31 пожар, три активни, четири под контрола
