Македонија
14. August 2015 - 11:24

Уапсен уште еден осомничен во акцијата „Ќелија“

Уапсено е уште едно лице осомничено во антитерористичката акција „Ќелија“, во која беа приведени лица за кои постојат докази дека војувале во редовите на ИСИС во Сирија, потврдуваат од МВР.

Според информациите, лицето било приведено вчера во Скопје, а во текот на денот ќе бидат соопштени нови детали.

Во полициската акција беа уапсени девет лица, а се трагаше по 27 лица. За 20 од нив постои сомнение дека сеуште се наоѓаат на боиштата во Сирија.