Џет-Сет
18. December 2015 - 12:57

Уапсен синот на познатата пејачка

 
Граничната полиција го уапси Мирзад Бркиќ додека бил на пат од Белград кон Сараево.
 
Како што пишуваат босанските медиуми, синот на познатата пејачка Ханка Палдум е уапсен поради тешко казниво дело против сигурноста во сообраќајот.
 
Мирзад бил уапсен на граница и е предаден на судската полиција во Тузла.
 
 
Имено, тој се сомничи уште од месец јануари минатата година кога по дејство на наркотици предизвика сообраќајна несреќа во која беа повредени три особи.