Свет
17. August 2016 - 18:56

Уапсен шефот на Европскиот ОК заради препродажба на билети

Шефот на Ирскиот олимписки комитет е уапсен во Рио де Жанеиро поради сомневања за нелегална продажба на билети, објави Њузвик.

Патрик Хики (71) е осомничен дека препродавал билети по повисоки цени преку посредници.

Бразилската полиција соопшти дека Хики кој е шеф на Европскиот ОК се обидел да избега пред апсењето.

Бразилски медиуми јавуваат дека апсењето е поврзано со Ирецот Кевин Џејмс Малан директор на ТХГ Спортс кој беше уапсен претходно во август под обвинување за препродажба на билети за ОИ.