Уапсен познатиот руски режисер Кирил Серебреников

Познатиот руски театарски и филмски режисер, Кирил Серебреников, е уапсен под сомнение за сторена „измама“.
Според обвинението, тој присвоил 68 милиони рубљи (околу 1,1 милион долари) од државните фондови на Русија, што биле доделени за еден театарски проект.
Серебреников е познат како редовен и остар критичар на цензурата во уметноста во Русија.
Неговиот балет за животот и работата на познатиот руски балетан Рудолф Нурејев, кој во времето на Советскиот Сојуз пребега на Запад, беше повлечен уште пред да биде премиерно изведен, поради, се уште, до крај неразјаснати околности.
Бољшој театарот во Москва, каде се подготвуваше овој балет, објасни дека продукцијата на Серебреников не била подготвена за прикажување.
Во дел од руската културна јавност, меѓутоа, се смета дека повлекувањето на проектот било направено затоа што се проценило дека балетот е „премногу современ“ за конзервативна Русија.
Случајот со овој режисер се провлекува веќе неколку месеци. Неговиот стан во Москва, во мај беше детално претресен, а други двајца режисери од државниот театар „Гогољ центар“, што е матична куќа на Серебреников, беа уапсени за поврзаност со неговиот случај.
Апсењето и обвинувањето на еден познат режисер, во Москва се толкува како обид на власта да го „замолчи“ Серебреников.
Руските медиуми пишуваат дека доколку биде прогласен за виновен, тој ќе се соочи со затворска казна од десет години.
Ново на Сител
-

Инфлација од 2,9 отсто во февруари
-

Осум пријавени настани со семејно насилство, приведени шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко
-

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување
-

Метеж на бензинските, граѓаните брзаат да ги наполнат резервоарите
-

Во Штип одбележани 83 години од депортацијата на Евреите
-

Втора иранска балистичка ракета соборена во турскиот воздушен простор во последната недела
-

Повредени четворица малолетници и 21-годишно момче, откако возило излетало од патот Ржаничино - Таор
-

Спајиќ: Црна Гора има резерви гориво за два месеца
