Уапсен познат функционер на СДСМ - среде скопски Центар вперил пиштол во полицаец

Познат активист на СДСМ со пиштол му се заканувал на полицаец. Околу 14 часот и 20 минути на ул. „Наум Наумовски-Борче“, пред кафулето „Круг“, одејќи кон работа, полициски службеник бил пресретнат од џип bmw x5 сребрена боја, со скопски таблички управуван од лицето Бобан Г. (1978). Како совозач бил Дејан Тодоровски викан „Гзе“ (1975).
Во тој момент, Гзе вперил пиштол кон полицискиот службеник и му се заканувал по живот, го пцуел и навредувал по што си заминале. По примената дојава од полицискит службеник, пред кафулето „Круг“ пристигнал алфа тим и во самото кафуле го затекнале Боби со кожна ташна преку рамо во која при прегледот е пронајден пиштол непозната марка, црна боја, метален, со пластична рамка без куршуми и без дозвола и одобрение.
Истиот има одлежано казна затвор за убиство во обид над лицето Дејан Пановски викан „Десо дебелиот“, кој по нападот беше во кома 2 месеци.

За кратко време е пронајден и познатиот активист на СДСМ Гзе, вработен во општина центар во паркинг службата кај Сашо Богдановиќ.
Откако биле препознаени од полицаецот, двете лица од страна на алфите се приведени во полициска станица Центар, поради недозволено носење и поседување на огнено оружје согласно член 80 од законот за оружје и поради упатување на сериозна закана кон полицискиот службеник кој одел на работа.
Инаку Дејан Тодоровски Гзе стана познат во јавноста како човекот кој од сметките на општина Центар плаќаше огромни сметки по скопските кафеани.
Граѓаните паметат дека еден негов ручек жителите на Општина Центар ги чинеше неколку десетици илјади денари.
Ново на Сител
-

Марковски: Вештачењето нарачано од одбраната на Јованов е селективно и со сериозни методолошки пропусти
-

Рекордна невработеност на високообразованите во Германија
-

Славески: Состојбата во Алта банка АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни, се бара нов сопственик
-

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за претседател на Управниот суд
-

Мицкоски објави одлука од 2023 година: Владата на СДСМ дала согласност за продажба на акции во денешна Алта банка
-

Мицкоски: Алта банка нема да банкротира како Еуростандард во времето на СДСМ
-

Извештај на американскиот Конгрес: Државата со години не ги спречи злоставувањата на Епстин
-

Продажбата на станови во Македонија падна за 14 отсто, изнајмувањето порасна за 45 отсто
