-->
-->
Уапсен организаторот на вчерашниот протест во Тетово | ВИДЕО
-->
Полицијата го приведе организаторот на вчерашниот протест во Тетово, Блерим Ахмеди.
Видео од апсењето на Ахмеди објави Телвизија 21.
Како што изјави неговиот адвокат за ТВ21, неговиот клиент се сомничи за кривично дело за кое е придвидена казна затвор од една до три години.
Инаку, граѓаните кои вчера попладнево мирно протестираа во Тетово, како поддршка за починатите кои загинаа при пожарот во модуларната болница во Тетово, влегоа во конфликт со полицијата. Тие се упатиле кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, но таму им е забранет пристапот.
Групата граѓани почнала да фрла со јајца и со камења кон општинската зграда и притоа дојде до судир и со припадниците на МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ