-->
-->
Уапсен навивачот кој смртно му се закануваше на Валбуена
-->

Навивач на Олимпик Марсеј е уапсен заради смртни закани упатени до фудбалерот на Лион, Метју Валбуена, за време на меѓусебниот меч одигран на Велодром на 20. септември годинава.
Како што соопштува француската полиција уапсен е 27-годишен навивач, чиј идентитет ќе остане тајна, заради упатување дирекни смртни закани кон Валбуена кој е поранешен фудбалер на Марсеј.
Валбуена беше миленик на навивачите на Олимпик за време на 8. години што ги помина на Велодром, пред да премине во московски Динамо, а на почетокот од сезонава потпиша за Лион, чекор којшто беше еден вид предавство за навивачите на Марсеј.
Пред почетокот на мечот група навивачи истакнаа обесена кукла со ликот на Валбуена, а за време на и по натпреварот во различни инциденти беа уапсени седум навивачи на домаќините од кои тројца се осудени на затворски казни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
