-->
-->
Уапсен Морина во Хрватска, Србија бара брза екстрадиција - Тирана на нозе
-->
Албанецот што е осомничен дека го управувал дронот што носеше националистички транспарент над стадионот за време на мечот помеѓу Србија и Албанија во 2014 е уапсен во Хрватска, а донесена е и одлука за негова екстрадиција.
Морина минатиот месец бил уапсен во Хрватска на основа на потерница од Србија, а судот во Дубровник минатата недела одобри екстрадиција, па се очекува Албанецот да биде транспортиран во Белград.
По ваквите информации Албанија се крена на нозе. Фудбалската федерација на Албанија преку соопштение ја повика владата да преземе сè што може за Морина да не стигне во Србија.
Се наведува дека Фудбалската федерација на Албанија му дала ветување на семејството дека екстрадицијата нема да се случи.
- Во целост сме посветени на тоа да ги искористиме сите институционални и правни работи за Морина да не оди во Белград.
Се пишува дека навивачите во Албанија повикале на собир во Тирана со кој би се извршил притисок врз тамошната влада да реагира.
Морина живее во Италија и редовно ги посетува натпреварите на кои игра Албанија. Неговиот брат Џеваир се пожали дека владата во Тирана не му посветува доволно внимание на Морина.
- Ја повикуваме државата Албанија да интервенира и да ја спречи екстрадицијата во Србија. Ние како семејство се подготвени да направиме нешто многу радикално што би ве изненадило, се закани братот на Морина, Џеваир.
Морина во октомври 2014 година со помош на дрон истакна знаме на „голема Албанија“ на стадионот во Белград за време на дуелот помеѓу Србија и албанската репрезентација. Се случија инциденти, мечот беше прекинат, а следуваа и казни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“
-

Уапсен 20-годишник од Жировница, при претрес пронајдена прашкаста материја
-

Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите
-

Ѓуретановиќ го има вториот настап на ЕП на 400 метри слободно
-

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, повредени и две бебиња
-

Се помали надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија, бројот на жртви е околу 300
-

Рама: Протестите покажуваат нормална европска Албанија
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
