Уапсен маж во Грција кој злоупотребувал и малтретирал лица со инвалидитети и пренесувал во живо на интернет
Грчката полиција уапсила 35-годишен маж, кој злоупотребувал и малтретирал лица со инвалидитети и попреченост и сето тоа го пренесувал во живо на социјална мрежа, додека пак гледачите од него барале да врши конкретни дела како физички повреди, сексуални дејства и слично насилство за што плаќале одреден износ.
Според медиумите во Грција, станува збор за познат грчки јутјубер, кој ја користел платформата Тик Ток.
Од грчката полиција соопштија дека уапсениот најмалку од јануари 2023 година, под псевдоним користел профил на социјална мрежа на која во живо емитувал навредливи однесувања кон лица со ментална попреченост и од тоа се стекнал со незаконска финансиска корист.
– Поконкретно овие дела се состоеле од постојана злоупотреба, физичко повредување и сексуални дејствија, кои ги барале гледачите кои гледале пренос во живо, плаќајќи соодветен износ на пари, соопштија од грчката полиција.
Уапсен бил вчера во неговиот дом во Атина, бидејќи во раните утрински часови во живо злоупотребувал две лица, а се товари за трговија со луѓе и физичко повредување на изнемоштени лица, кривично дело со расистички карактеристики поради инвалидитет.
Ново на Сител
-
ЦУК: Локализиран пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње
-
Земјотрес со јачина од четири степени ја погоди Албанија
-
Куба се приклучи на БРИКС како земја партнер
-
Министерот Ристовски се сретна со претседателот на Светската атлетска асоцијација Себастијан Коу
-
Десет нови случаи на голема кашлица, хоспитализирани три лица
-
Урсула фон дер Лајен во Белград: Партнерството меѓу Србија и ЕУ станува се посилно
-
Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС
-
Во Пехчево секој понеделник ќе работи канцеларија за издавање лични документи на граѓаните