Уапсен манијакот од скопските улици
Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за насилен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.Ш.(26) од Скопје, ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“ по член 190 од Кривичниот законик.
По превземените оперативни мерки и активности полициски службеници од Единица за насилен криминал го лишија од слобода Е.Ш., а во насока на утврдување на идентитетот на лице коешто во неколку одвоени случаи и за релативно краток временски период, вршело задоволување на полови страсти пред граѓани, случајни минувачи и тоа на 20 јануари годинава и на 3 овој месец на бул.„Кочо Рацин во Скопје и на 25- овој месец на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје.
По неговото лоцирање и лишување од слобода, од страна на оштетените извршено е позитивно препознавање во присуство на Јавен обвинител.
Ново на Сител
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати