Македонија
27. August 2015 - 12:20

Уапсен крадец кој пустошел куќи во Кичево

Поради постоење основи на сомнение за сторени седумнаесет кривични дела „тешка кражба“, Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против Е.А. (43) од Прилеп. Пријавениот, во различни временски периоди, со употреба на подесен предмет и кршење на бравите, цилиндрите и стаклата, насилно отворал врати и прозорци од куќи и помошни објекти во Кичево и околината. Тој влегувал и со качување преку отворен потпокривен простор, а најчеста цел биле куќи чии сопственици се наоѓале на привремена работа во странство. Е.А. противправно одземал пари, златен накит, ЛЦД телевизор, лап топ компјутери, мобилни телефони, текстилна стока, разни видови алати и апарати, рачни машки и женски часовници, постелнини, гасен пиштол и други предмети. На тој начин, пријавениот Е.А. на оштетените им причинил значителна материјална штета, а самиот се стекнал со голема противправна имотна корист. На 7 јули оваа година, тој е пронајден во Битола, по што е извршен претрес во куќата каде привремено престојувал. Тука пронајдени се и одземени дел од предметите што потекнуваат од извршените кражби. Покрај овие седумнаесет, пријавениот Е.А. во периодот од јануари минатата до август оваа година,на подрачјето на Кичево, извршил уште 46 кривични дела „тешка кражба“.