-->
-->
Уапсен кавадарчанец кој возел со 3,05 промили алкохол во крвта
-->

На 23.05.2025 во 04.00 часот на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.М.(35) од село Глишиќ, кавадаречко. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,05 промили алкохол во крвта.
А.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
