-->
-->
Уапсен кавадарчанец кој нелегално поседувал оружје
-->
Вчера околу 06.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода А.Т.(37) од с. Дабниште, кавадаречко, поради тоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловна пушка, 17 куршуми со калибар 12 мм , 22 куршуми калибар 16 мм, 20 куршуми со ознака БТ3 непознат калибар, една метална направа за полнење куршуми.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали, стои во соопштението од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија