Уапсен е убиецот од Гостивар

Попладнево околу 17 часот и 30 минути полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 67-годишниот Б.И, осомничен за вчерашното убиство на неговата 60-годишна сопруга во гостиварската населба Бањешница. Сопругот бил пронајден на шумски пат над гостиварското село Страјане, на пат кој го поврзува со село Трново.
Како што информираа за Сител од СВР Тетово, при приведувањето осомничениот не дал отпор.
Тој е однесен во полициската станица Гостивар, од каде утре во координација со Јавниот обвинител и со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
Б.И се сомничи дека со нож и секира ја убил неговата сопруга по што избегал. Полицијата трагаше по него од вчера изутрината.
Според полицијата, причина за крвавиот чин во Гостивар се нарушени семејни односи.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
